Почетна > Македонија > Вечерва музичко шоу на Стојне Николова и пријателите…

Вечерва музичко шоу на Стојне Николова и пријателите…

///
Comments are Off

Насмеана, позитивна , со постојан континуитет на македонската музичка сцена, со умерен сексипил кој убаво и прилега и знае да се носи со него…Стојне Николова успешно го пребродува секој поминат месец откако е започната оваа тешка пандемија, период кој се одрази особено тешко за сите музичари и изведувачи. Можеби е до духот, до младоста, до вербата или едноставно кога ќе се спојат сите три нешта лесно може да се помине сето она што ни го носи животот. Но мора да признаете, секогаш е убаво кога ќе слушнеме за секој нов проект на Стојне…и се разбира, кога ќе ја видиме.

Вечерва гледачите на BalkanMusicTv ќе можат да уживаат во музичката вечер на Стојне Николова во која освен нејзиниот долгогодишен соработник и менаџер Бобан Мојсовски, како дел од бендот што ја придружува ќе ги видиме и Мишел Трајковски, Идает Сејфулов, Ален Рамчевски, Тони Јанкулоски и Влатко Китановски. Како гости, пријатели и големи љубители на песната на поканата да го збогатат ова шоу учествуваат и Дамјан Стојаноски, Џељо Дестановски, Јане Рафаиловски, Ѓоко Танески и Филип Нуне. Истото изобилува со многу македонска музика и хитови преплетено и со понекој српски хит, со што целата концепција на проектот уште повеќе ќе ја “загрее” оваа празнична вечер – Денот на независноста на нашата ни убава Македонија. Мора да се признае дека целата собрана екипа на чело со Стојне Николова уште од сега ни ветува вистинско музичко уживање…и поради “искалените” инструменталисти и изведувачи, и поради тоа што знаеме што може да се очекува од нив. Музика и песни кои како мелем за душа добро ќе ни дојдат весело и распеано да го поминеме и овој значаен ден за нас.