Почетна > Балкан > Пријателите се простуваат од Марина Туцаковиќ…

Пријателите се простуваат од Марина Туцаковиќ…

///
Comments are Off

“Уметник, револуционер, визионер, ама пред се – човек” – така го започна своето простување на социјалните мрежи познатата Драгана Мирковиќ од својата пријателка и соработничка Марина Туцаковиќ. И не само таа…почнувајќи од вчера, бројни пријатели и соработници со топли зборови, анегдоти и фотографии се простуваат од најпознатиот текстописец во поранешна Југославија. Низ сета таа река од зборови провејува тагата за една вонсериска жена, добра пријателка и соработник која секогаш знаеше како да ги отслика преку зборови душите и емотивните состојби на оние за кои пишуваше. А пишуваше за многумина…Лепа Брена, Светлана Ражнатовиќ, Драгана Мирковиќ, Здравко Чолиќ, Жељко Самарџиќ, Жељко Јоксимовиќ, Џеј Рамадановски и многу многу други. Се спомнува бројка од околу 5000 текстови кои Марина ги напиша во текот на својата долга и плодоносна кариера.

Марина Туцаковиќ почина вчера на 67 години по долги години борба со ракот на дојката. Нејзината состојба се влошила откако лекарите констатирале дека е позитивна на ковид-19 што воедно било причина за фаталниот крај на нејзиниот живот. Марина е родена во Белград во 1953 година. Својот прв текст го има напишано како 19-годишна тинејџерка и тоа за групата “Зана”, мега хитот “Додирни ми колена”. Таа соработуваше со најголемите ѕвезди од музичката сцена на бивша Југославија, од народњаци до поп изведувачи и рокери, а членуваше во жирито на музичките емисии “Операција Tриумф” и “Пинкови ѕвезди”. Беше мажена за композиторот Александар Фута Радуловиќ со кого се надополнуваа во својата професија.