Mногубројните хитови низ годините им ја донесе популарноста, а таа им донесе и голема посетеност на нивните концерти. Тие се миленици на публиката и повеќето генерации и тоа секој во својот правец – рок и поп-фолк. Тоа се музички имиња за кои отсекогаш се зборувало и ќе се зборува во иднина…групата “Бијело дугме” и српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Деновиве повторно се во центарот на вниманието поради тоа што се најдоа на светската листа за најпосетени концерти на светот..
Можеби звучи чудно и е за неверување но популарниот рок бенд од Сараево, Бијело дугме се наоѓа на второто место на листата. На нивниот концерт кој се одржа на 28 јуни 2005 година на Белградскиот хиподром, присуствуваа преку 220 000 посетители. Како за потсетување, овој бенд постоеше од 1974 година па се до 1989 година кога се распадна скоро во истиот период кога започна и распаѓањето на тогашна Југославија. За него се смета дека бил најпопуларниот бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на југословенската рок сцена. Повторно се собраа на прошталната турнеја во 2005 година со концертите во Сараево, Загреб и Белград.
На деветто место се наоѓа Светлана Цеца Ражнатовиќ со својот концерт на Ушче на 28 јуни 2013 година каде присуствуваа околу 150 000 луѓе. Истиот беше долго време предизвик за некои нејзини колеги кои тврдеа дека можат да го надминат, но не успеаја во тоа. Инаку Цеца е голем миленик на балканската публика и пошироко што секогаш резултира со однапред распродани концерти и голема посетеност на нив.