Почетна > Балкан > Почина Предраг Живковиќ – Тозовац…

Почина Предраг Живковиќ – Тозовац…

///
Comments are Off

…”Овамо цигани”, “Очи једне жене”, “Празна чаша”, “Јесен у мом сокаку”, “Виолино не свирај”, “Ти си ме чекала”, “Сиромах сам, ал волим да живим”, “Данче”, “Влајна”, “Лено Магдалено”, “Маџарица”, “Јеремија”….и уште многу други хитови ќе останат забележани од богатиот репертоар на српската (југословенска) фолк ѕвезда Предраг Живковиќ – Тозовац. Утрово за жал во својата 85 година од животот, тој ја загуби неколку дневната битка со корона вирусот. Блиските роднини, пријатели и колеги од естрадата денес во текот на целиот ден се простуваат со понекој убав збор, сеќавања и тага во срцата и мислите.

Генерацијата што растеше заедно со неговата кариера ќе го памти по многуте концерти и телевизиски емисии, по неговите дуети со Предраг Гојковиќ – Цуне, Мирослав Илиќ, Лепа Лукиќ и многу други… и секако по популарната музичко забавна емисија “Фолк парада” која ја водеше заедно со убавата глумица Злата Петковиќ и неговиот колега Цуне. За својата музичка кариера Тозовац е добитник на многу награди и признанија, а родното Кралево во октомври 2012 година му врачи диплома за заслужен граѓанин на градот. На 24 август 2018 година на концертот што се одржа по повод 60-те години на Радио Телевизија Србија ја прими наградата “Златен микрофон на Радио Белград”. 2012 година ќе биде забележана во неговата биографија и како година кога го одржа својот поголем и значаен соло концерт во салата “Сава центар”.