Децата се наше најголемо богатство, за нив живееме, трчаме, создаваме, се грижиме, љубиме…но понекогаш судбината испишува некои тажни страници во нашиот живот. А тогаш никој не може да се бори сам, никој не може сам да го носи големиот товар на несреќата, тогаш е потребно сите да подадеме рака…
Вечерва во кафана “Лантерн” ќе се одржи хуманитарна вечер по која 50% од прометот ќе биде дониран за малиот Ангел Аврамовски. По тој повод ќе настапат многубројни познати естрадни ѕвезди и тоа: Наум Петрески, Миле Кузмановски, Марјан Коцев, Владимир Поповски, Анастасија Петреска, Ване и Јаков Ѓорговски, Алексо Димов и инструменталистите Мишел Трајковски, Хилми Баки, Даниел Максимов, Марко Денич и Тимко Чичаковски….кој својата големина ќе ја покажат и со донирање на дел од сопствените хонорари за вечерта. Со ова менаџерскиот тим на кафана “Лантерн” и нашите фолк изведувачи и музичари ќе докажат и покажат дека сеуште постојат благородни и хумани луѓе кои ни ја враќаат вербата во човечноста…
И затоа: “Биди човек – подај рака. Секое дете заслужува шанса за среќно детство и безброј насмевки”.
Кафана “Лантерн” – вечерва од 20:00 збирно место за сите со големо срце!!!