Почетна > Македонија > ВИС “Аманет” – Чувари на традицијата…

ВИС “Аманет” – Чувари на традицијата…

///
Comments are Off

Дали сте забележале дека луѓето поинаку реагираат на звуците на традиционалните инструменти, на продорните женски вокали што ги разлеваат звуците за некои знајни и незнајни јунаци. Реагираат така што им се полни срцето и душата, реагираат на своите корени, на своите предци, на се она што мора да се негува и задржи…

ВИС “Аманет” веќе две години се едно успешно музичко семејство кои живеат и дишат во тој дух – традиционален. Долгогодишната заедничка дружба на некои од членовите ја донесе и идејата за формирањето на овој состав по репер на оркестарот на Пеце Атанасовски, кој ги постави темелите на традиционалниот оркестар и неговиот призвук. За вокалниот дел се задолжени Ивана Чаловска Ангеловска, Симона Петковска и Ленче Димовска кои изборот на репертоарот го прават според своите вокални способности и публиката….познати песни и песни кои се заборавени, па преку нивната изведба повторно да допрат до слушателите. Од друга страна пак магијата на традиционалните инструменти ни ја носат Роберт Ангеловски (кавал), Андреј Трајковски (гајда), Новица Крстевски (кавал), Оливер Настовски (тамбура), Кристијан Јаневски (тамбура), Јане Крстевски (тамбура) и Никола Волкановски (тапан). Со цел да се зачуваат традиционалните песни од ора во нивен автентичен призвук,нивните изведби по потреба се збогатуваат уште и со зурла, шупелка и ќемане…

Во изминатите две години ВИС Аманет оствари соработка со голем број на фолклорни ансамбли како и со огромен број на вокални интерпретатори. Минатата година на 1- ви март тие го одржаа својот прв самостоен концерт, насловен ” Една година Аманет”, народен мјузикл (т.е. битова драма) во соработка со актерот Владо Дојчиновски кој е нивни соработник и најголем поддржувач. Нивното учество на бројни фестивали, манифестации и натпревари им ги донесе наградите: прва награда во категоријата младинци на фестивалот Пеце Атанасовски, награда “Чувари на традицијата” на фестивалот “Пображење” – Вевчани, Гранд При награда на натпреварот “Инструментите на моите предци ” во организација на ДКЦ Карпош – Скопје…

Во периодот што следи ВИС Аманет планира на своите обожаватели и подржувачи да им подарат нов музички проект составен од аудио и видео записи на 20 традиционални ора и песни… музичко уживање преку годишниот концерт по повод две години од постоење насловен како “Аманет од предците”…Велигденско шоу заедно со Џељо Дестановски во соработка со BalkanMusicTv…

За сите љубители на традиционалната музика, ВИС Аманет ќе имате можност да ги слушнете во нашето неделно издание на музичкото шоу 7/8 со своите изведби на “Овчеполско оро” и нумерата “Бело лице љубам јас”.