Почетна > Македонија > Последен поздрав до нашиот Тодор Трајчевски…

Последен поздрав до нашиот Тодор Трајчевски…

///
Comments are Off

Тодор Трајчевски ( 03.08.1954 год. Штип – 12.05.2021 год. Скопје)

Вчера не напушти уште еден познат и талентиран македонски композитор, аранжер и хармоникаш – Тодор Трајчевски. Во текот на денот многумина негови колеги, соработници и пријатели со голема жалост се простија од него преку социјалните мрежи.

Во објавата на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) чиј долгогодишен член беше и тој, меѓу другото беше напишано…”Тодор Трајчевски беше редовен член во СОКОМ, композитор, аранжер, клавијатурист, кој во нашата уметничко-естрадна и концертна дејност е присутен повеќе од 30 години. Од 1983 год. беше редовен член на Народниот оркестар на МРТ и има реализирано преку 3000 аудио и видео снимки за потребите на програмите на МРТ, свои композиции и аранжмани околу 1500, како и аранжмани за други автори, фестивалски изданија посебно оние во духот на традицијата и фолклорот. Образованието го има заокружено на Факултетот за музичка уметност. Во последните години се занимаваше со обработка на старите македонски фолк сцени во стилот на џезот, особено џезот со неговите стилски особености”…

Во текот на неговата долгогодишна и плодна музичка кариера, Тодор Трајчевски создаде многу фолк хитови и инструментални творби… “Лудо срце” – првата снимка со групата “Тавче гравче”, “Кога љуби млада мома” и “Ти верував до крај” (Сузана Спасовска), “Утринска коба” (Зуица Лазова) и многу дтуги, како и композиции за големиот народен оркестар „Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“, „Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ итн. – инспириран од фолклорното наследство на Македонија. Пишувал и класични композиции (главно за тромбон и клавир) во соработка со Дуо Рибарски. Беше постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија.

Почивај во мир…