Почетна > Македонија > Александар Ристовски со видео запис за песната “Животот е како игра”…

Александар Ристовски со видео запис за песната “Животот е како игра”…

///
Comments are Off

Со голема возбуда дека станува збор за прва авторска песна, Александар Ристовски го промовира видео записот со што комплетно ја претстави на публиката и своите обожаватели.

Како што веќе најавивме, комплетен автор на песната е самиот Александар, а истата е снимена во студиото “ХЛ Момировски”. Видео записот го реализираше “Арт студио” – продукција во прекрасниот амбиент на познатата винарија “Вила Марија” во Демир Капија. За самата нумера Александар ќе каже…”Предизвикот за да напишам песна си го поставив самиот на себеси. За почеток одбрав балада со текст во кој што може секој да се пронајде и кој што секој може да си го протолкува на свој начин. Сите ние во текот на животот сакајќи или не, се вплеткуваме во некои игри кои не завршуваат секогаш добро за нас. Од нив влечеме поука за понатаму. Сакам да се заблагодарам на сите соработници и екипата кои ми помогнаа во создавањето и оформувањето на мојата замисла. Посебна благодарност до вработените од бутикот “Golden Garden” – Велес кои со нивните креации не направија барем за момент да се почувствуваме гламурозно и префинето”…

Инаку Александар Ристовски живее и работи веќе четири години во Берн – Швајцарија каде според неговите зборови одлично му оди на сите полиња. За време на викендите до пред пандемијата, имаше настапи со својата музичка група и по подолга пауза желно очекуваат тие повторно да продолжат. Како што би рекол самиот тој…”Секој треба да си најде начин да ја потроши својата внатрешна енергија, а јас тоа секогаш го правам преку музиката”, или по наше “на најдобар можен начин”.