Дека треба да те има насекаде за да се зборува за тебе доказ е нашиот млад македонски пејач Стефан Величковски. Со набиена предновогодишна агенда како со матичните “Дипломатик бенд”, па како дуо со колегата Петар Тодоровски и други разни музички комбинации, наместо заслужен одмор Стефан повторно “се фати” за нов музички проект. Станува збор за негова нова песна со наслов “Остани со мене” која има намера на своите обожаватели да им ја подари за Денот на вљубените, 14-ти февруари. Тимот кој работеше на песната е добро познат на нашата јавност…музика – Александар Тарабунов, текст – Ванчо Тарабунов и аранжман – Драган Ристовски. Овие денови за истата ќе се снима и видео запис со кој во целост ќе се заокружи и презентира новата песна на Стефан, која неофицијално има шанси да стане голем музички хит. И не само поради докажаниот негов музички вокал, туку и поради младешката харизма која тој ја поседува…
Дека мирниот Стефан знае и малку да избувне (по потреба), се покажа во една предходна сезона на регионалното шоу “Ѕвездите на Гранд”. Желни за поголема гледаност која најмногу се постигнува со провокации кон кандидатите, некои од членовите на жирито дојдоа до “судир на зборови” со нашиот Стефан, кој не остана рамнодушен на поединечни невкусни критики. Но за нас е најмногу важно дека неговите настапи таму оставија силен впечаток на целата балканска јавност што најмногу се гледа од коментарите на публиката…
Како и да е, додека го чекаме новиот хит “Остани со мене”, уживајте во една прекрасна изведба на Стефан Величковски како гостин во популарното шоу “7/8” на BalkanMusicTv. Песната и изведбата кажуваат се…