Почетна > Ексклузивно > Семи Џонс Алушоски со најава за нов и весел видео запис…

Семи Џонс Алушоски со најава за нов и весел видео запис…

///
Comments are Off

На нашиот човек малку му недостига за да биде среќен. Таа радост секогаш ни ја дава песната, а ние понатаму ја носиме насекаде по светот за да покажеме дека животот е еден и така треба да се живее….со песна, со игра, со семејството и пријателите. Така отприлика може да се опише и животот на нашиот кичевчанец по корени, а србин по младост – Семи Џонс Алушоски.

Во таков дух и весел ритам е неговата нова песна и видео запис “Роденден” кој ќе биде промовиран во периодот што следи. Во краткиот разговор Семи со голема еуфорија ни го откри тимот за соработка….”Замислата за песната беше моја, сакав да биде со убав текст и весела музика. За таа цел соработував со Игор Христов (“Биоритам”) кој работеше на музиката/аранжманот и Милица Јокановиќ Кузмановска која го напиша текстот. Морам да кажам дека сум задоволен од овој познат музички тандем и мислам дека направивме хит песна која веднаш ќе ја прифати публиката. За тоа ќе допринесе и добрата аудио снимка која ја обработи Љупчо Соколовски во своето студио City sound. За снимање на видео записот беше задолжен Даниел Србиновски, а во истиот имаме и танчерки кои со своето играње ќе го направат спотот весел и интересен за љубителите на мојата музика. Јас сум човек кој целиот свој живот го посвети на пеењето и сакам кога моите песни делуваат среќно на слушателите. Затоа со нетрпение ќе ја чекам промоцијата на мојата нова песна и видео со наслов “Роденден”.

Семи Џонс Алушоски живее и работи во Мелбурн,Австралија уште од далечната 1985 година. Неговите многубројни освоени награди на натпреварите по пеење биле негов доволен мотив својот живот да го посвети на музиката. За неговата популарност и ангажмани има голем придонес и неговиот широк репертоар од македонски, српски и босански песни, како и руски романси. Затоа што како што вели Семи…”Ако живееш во Австралија мора да пееш интернационално”.