Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Сани Петковска и Далибор Даки Ѓошиќ…

“7/8” со Сани Петковска и Далибор Даки Ѓошиќ…

///
Comments are Off

Одамна не сме имале вака отворени, свои и забавни музички гости. Тие се колеги во својата професија и имаат одлична соработка веќе со години. И двајцата се препознатливи уште кога ќе се каже “Сани или Даки”, нема потреба да се дообјаснува за кого станува збор. Вечерва заедно со нашата редовна и многубројна публика, наши и ваши гости ќе бидат Сани Петковска и Далибор Даки Ѓошиќ. Како за почеток и двајцата одбраа фестивалски песни од минатогодишните “Роса фест” и “Лешок фест”…”Невреме” (Сани) и “Вечна земја” (Даки). А како си поминаа со “жешките” прашања и предизвици, оставаме самите да откриете.

Познатите инструменталисти Фазли и Идает Сејфулови ќе ни го пренесат тиквешкиот дух и темперамент низ своите две фантастични тандемски изведби. Гостинот од Прилеп, Оливер Лозаноски со песната “Кафеави очи” ќе не потсети на едни други музички времиња кои оставија хитови за паметење. Низ емисијата како секогаш ќе “провејат” и гласовите на Анета и Јовица кои во секое издание имаат интересен избор на песни наменет за своите обожаватели.

До 20 часот имате време за се…да одморите, да прошетате, а потоа вистински да се релаксирате и забавувате со нашето ново издание на музичкото шоу “7/8″… Фреквенција – BalkanMusicTv…водителка по мерка на гостите – Анита Даева…оркестар по мерка на сите пет континенти – група “Молика” со “омладинци” од “Molika One” под будното око на маестро Зисо Пуровски…Убава вечер!!!