Почетна > Ексклузивно > Александар Ристовски со нова “филмска” видео приказна…

Александар Ристовски со нова “филмска” видео приказна…

///
Comments are Off

Во последно време освен останатите вести, сакаме и се радуваме на секоја нова музичка вест. Музиката ни недостасува секој ден се повеќе и повеќе, но колку им недостасува на оние кои што се занимаваат со оваа професија, не можеме ниту да замислиме. И покрај се кога некој од музичката сцена ќе смогне сили да создаде нешто ново, публиката тоа го дочекува со радост.

Александар Ристовски кој живее и работи во Берн – Швајцарија, својот престој во Македонија покрај останатото го искористи и работно. Неговата идеја за новиот видео запис свое место си најде на една добро позната и примамлива локација во Демир Капија, винаријата “Вила Марија”. Станува збор за баладата “Живот како игра” на која комплетен автор е самиот Александар, а истата е снимена во студиото “ХЛ Момировски”. Во замислата и реализацијата на видео приказната се приклучија и “Арт студио” – продукција кои до крај професионално се потрудија преку камерите да го фатат секој значаен момент од песната. За додатниот гламур на комплетната фотографија и слика во видеото се погрижи познатиот бутик “Golden Garden” од Велес што секако нема да остане незабележано од нашата публика.

За љубовта вреди да се живее и да се пее. Александар Ристовски ги пренесе своите чувства на хартија преку зборови и ноти, а како тоа комплетно ќе се вклопи и со неговата замисла за видео спотот, ќе дознаеме наскоро. Судејќи според првичните информации и кадри, целата екипа се потрудила тоа да изгледа онака “на ниво”. Ако биде – нека биде со стил, нели!?