Почетна > Ексклузивно > Групата “Дрим Тим” наскоро со “Етно Балкан 2” – музичка приказна што продолжува…

Групата “Дрим Тим” наскоро со “Етно Балкан 2” – музичка приказна што продолжува…

///
Comments are Off

Кога потекнувате од времето кога на една рака се броеја квалитетните музички состави во земјава, не смеете да си дозволите да ве прегази времето и да ве заборават. Треба да останете во првата “петорка”, да создавате уште повеќе, да растете во очите на публиката и да бидете пример за генерациите што следат…затоа што стоите зад своето име кое е врежано во македонската фолк музика и во меморијата на нејзините уживатели. А името како погодено – “Дрим Тим”.

Веќе е позната личната карта на оваа наша популарна група која над две децении им пружа музичко задоволство на сите оние кои ги следат и слушаат со уживање. Нивниот проект “Етно Балкан” донесе нова креативна свежина на нашата сцена и во богатата музичка кариера на групата. Уште тогаш беше најавен како нешто различно од досегашното и по уникатната идеја и по богатиот микс на ритмови што подеднакво им се допадна на публиката и критиката.

Материјалот за вториот дел или продолжението на “Етно Балкан” иако беше целосно готов во март минатата година, мораше да почека некои порелаксирани времиња. Музиката и арaнжманот се на виртуозот на хармоника Сашко Велков, а аудиото се комплетираше во “Подрумот” кај Анѓел Ќосев. Истиот се снимаше во соработка со BalkanMusicTv во амбиентот на ресторанот “Амор” во Кочани. Како гости на проектот се придружија Горан Гешовски (бас гитара), Алек Стаменковски (ритам гитара), Филип Шурбевски (конги) и Горан Илијески & Трајче Давков ( Brass sek.).

За сите обожаватели на групата “Дрим Тим” наскоро следува “Етно Балкан 2”, музички проект кој порасна заедно со зрелоста на овие наши истакнати музичари… како што ќе расте и во иднина.