Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Биба Додева и Боби Павловски…

“7/8” со Биба Додева и Боби Павловски…

///
Comments are Off

Ова е емисија која ќе донесе еден младешки дух кој со текот на годините успеале да го задржат нашите вечерашни гости. Настапите и живите свирки што ги имаат поминато ги направиле поцврсти и позрели, ама и порешителни за тоа што навистина сакаат од животот. Па така нашата Биба Додева освен на музиката е посветена и на здружението “Борка” кое се бори против ракот, а Боби Павловски реши да си ја проба среќата и на српскиот музички пазар. Низ разговор ќе дознаеме какви се нивните искуства околу сето тоа, а низ стандардните игри за забава ќе се “откачиме” малку заедно со нив. Како за прв пат во нашето студио ќе биде ведро и весело, но ќе останат уште многу недоречености за некоја следна прилика.

Во музичкиот дел освен вообичаениот битолски “бисерен” дует на Анета и Јовица, вечерта ќе ја надополнат струмичанецот Санде Митев (Алегро бенд) и Мерима Саитова која публиката ја знае по своите ориентални танци. Тивок кога станува збор за говорење, Санде бурно ќе ни ги донесе двете изведби кои ги одбра за ова наше издание и ќе докаже дека струмичкиот крај е можеби “најплодоносен” кога е во прашање музиката. Мерима ќе открие како започнала нејзината љубов кон танцувањето и како публиката реагира на нејзините настапи…сето тоа зачинето со два танца кои нема да ги остави рамнодушни сите во студиото.

Четврток 20:00 BalkanMusicTv…веќе добро познат термин и фреквенција која ви носи уште една опуштена и пријатна музичко – забавна вечер со нашата водителка Анита Даева и оркестарот на Зисо Пуровски…комбинација на велешко – битолски шарм надополнет со скопски “шмек” од Биба Додева и Боби Павловски…уживајте!!!