Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Сузана Гавазова и Благоја Грујовски – вечерва премиерно на BalkanMusicTv…

“7/8” со Сузана Гавазова и Благоја Грујовски – вечерва премиерно на BalkanMusicTv…

///
Comments are Off

Она што публиката го бара, тоа треба секогаш да и се понуди. И затоа нашата верна публика си го доби најпозитивното и најраспеано музичко шоу “7/8”, шоу кое веднаш со својата содржина и енергија се всади во сетилата на гледачите. Истото постави нови стандарди како треба содржински и визуелно да изгледа и звучи една музичка емисија за која секогаш има желна публика, која знае многупати и критички да биде настроена. А ние веднаш успешно го положивме тестот и еве вечерва стартуваме и со втората сезона на музичкиот ураган наречен “7/8”.

Оваа сезона, освен збогатена со многу музика, ни носи и други нови содржини кои имаат за цел да ги опуштат нашите гости и со тоа да ги видиме и во малку поинакво светло. Таква една весела и опуштена атмосфера ќе ни донесат и првите музички гости Сузана Гавазова и Благоја Грујовски кои онака “ептен” се вклопија во овие денови на новогодишно празнување. Во тоа ќе им помогне секогаш позитивната и насмеана водителка Анита Даева и новите содржини како “Ако криеш – ќе пиеш”, музичка имитација на свој колега или идол во пеењето и прашања од гледачите. Како музичко засилување во првата емисија ќе гостуваат Ташко Каранфиловски, Јуле Николовска и Сања Димова кои сите заедно и овој пат ќе ги придружува оркестарот на Златко Миладиноски. Во текот на сезоната најмногу акцент ќе и се даде токму на македонската песна, многубројните изведувачи и музички оркестри кои рака на срце ги имаме во изобилство…сите со една единствена цел публиката на BalkanMusicTv навистина да си приушти комплетно музичко шоу за уживање и релаксирање.

Затоа вечерва во (20:00) ве покануваме заедно да ја отвориме втората сезона на музичко – забавното шоу “7/8”. Се надеваме дека со почетокот на новата 2021 година во желбите на сите луѓе за поуспешна, посреќна и побериќетна година ќе се најде и нашата желба…годината да ни тргне на подобро и секој повторно да си го работи она што најдобро знае и умее. Нашето е да пееме, свириме, да ве забавуваме и да траеме во недоглед…затоа што “музиката е најдобриот лек за срцето и душата”!!!