Почетна > Македонија > Ферус Мустафов – 70-ка за “кралот на саксофонот”…

Ферус Мустафов – 70-ка за “кралот на саксофонот”…

///
Comments are Off

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаат сите. И не постои човек што не слушнал за него и за неговите магични прсти со кои неговиот саксофон ни ги дарува сите звуци на радост и среќа, како што е создаден самиот инструмент за тоа и како што се раѓаат вистинските мајстори што умеат со нив. Таков еден си имаме и ние…еден и единствен – Ферус Мустафов.

Ферус е роден во Штип (20 декември 1950 година) во семејство на музичари и е син на познатиот Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар. По војниот рок патот ќе го однесе во Сараево каде ја превзел водечката улога во експлозијата на популарност на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се “Глобус стил” и “Тропски”. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

И она што сите го знаат затоа што Ферус секогаш искрено раскажува…горд е на своите внуци кои успешно чекорат по неговите стапки…знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот…омилени бои му се белата и црната по што себеси се нарекува црно – бел човек…задоволен е од неговиот бурен и шаренолик живот за кој секогаш раскажува интересни приказни исполнети со многу љубов, смеа и ведро расположение.

Среќен 70-ти роденден драг наш пријателе…нека се множат!!!