И уште безброј зборови и мисли ќе ви паднат на памет и ќе ве обземат, откако ќе го преслушате (прегледате) новиот микс на познатиот музичар и композитор Игор Димовски насловен како “Пауза за ракија 2”. Истиот за воља на вистината, желно беше очекуван од бројната публика која даде позитивна критика и по првата “Пауза за ракија” и веднаш му порачаа на Игор да се зафати со ново продолжение. А тој како што вети така и реализира…својата нова замисла како треба да изгледа едно вистинско дружење со музиката и пријателите ни “го спакува” со нови 26 познати музички рефрени. Водејќи се од тоа како му кажува самото срце но и гласот на обожавателите, овојпат имаме прилика да уживаме не само во македонски песни туку и во познати српски хитови…и тоа сите оние кои кога почнуваат да се потпевнуваат, просто се надоврзуваат една по друга во бескрајна низа…заедно со грлата на пријателите испреплетени со инструментите и тивкиот ѕвон на чашите што се подигаат во името на здравјето, среќата и љубовта…
Игор Димовски оваа нова епизода од “Пауза за ракија 2” повторно ја реализираше во соработка со “Арт студио” – продукција овојпат во единствениот и живописен амбиент на ресторанот “Острово” – Св. Наум во Охрид. За прекрасниот спој на испреплетени музички вокали се погрижија, освен самиот Игор и неговите колеги Сашо Смилевски, Игор Крстески, Филип Божиновски, Јане Дунимаглоски, Дарко Билбиловски, Сандра Милковска и Сара Пројковска. Во инструменталниот дел учество зедоа Бранислав Автовски (виолина), Суат Усеин – Цуле/Александар Кипровски (гитари), Ратко Даутовски (перкусии) и се разбира Игор Димовски на хармоника/бас/пијано сето тоа одработено во студиото на Александар Кипровски. Во визуелниот дел на оваа музичка приказна поканата ја прифатија и пријателите на Игор кој со својата позитива, отворено срце и неизмерна љубов кон музиката ја заокружија и оваа нова музичка епизода “Пауза за ракија 2”.
…“Во овој музички проект е посветено многу внимание, љубов и енергија, да не речам целосниот јас” – Игор Димовски…