Почетна > Македонија > Грешна жена на Горан Ристовски нов хит на повидок.

Грешна жена на Горан Ристовски нов хит на повидок.

///
Comments are Off

Горан Ристовски, не толку познат на македонската естрада, но доволно познат и почитуван од колегите музичари, деновиве промовираше нова песна.

Горан, извесен период живее во Германија и долги години бил активен на естрадата како тапанар, придружен вокал, но и како соло пејач во неколку групи. Бил дел од Ориентал Бенд. Неговата Грешна жена е снимена во студиото на Љупчо Соколовски, додека видеото е дело на Продукција Арт Студио. Комплетен автор на песната е Ѓоре Петрушев, тапанар од групата Саманта.

После оваа песна која што очекуваме да стане хит, Горан најавуванови песни кои што се спремаат со колегата Игор Христов од Биоритам, како и песна од Музо Османовски кој исто така живее и работи во Германија.

Грешна жена имате можност да ја слушате на фрекфенцијата на Балкан Мјузик Телевизија, како предлог на топ листата, но и како ново видео со даден посебен акцет на промоција на истата.