Почетна > Македонија > Музичарите на протест пред влада – се разбира со песна…

Музичарите на протест пред влада – се разбира со песна…

///
Comments are Off

По 7-те долги месеци забрана за работа утре на протест пред македонската влада ќе излезат музичарите кои дирекно се засегнати од досегашните, но и од најновата забрана за настапи во живо, свадбени и други семејни веселби.

Истиот е закажан за 14 часот и на него освен музичарите кои се доведени на работ од својата егзистенција, се повикуваат да им се приклучат и угостители, фото студија, музички продукции, изнајмувачи на звук и светло, цвеќарници, бутици за венчаници и одела, слаткарници, фризерски салони и уште многу други засегнати соработници од свадбената индустрија и слични. Во објавата на социјалните мрежи стои:

“Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници…

Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!!

За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!”

Револтот кај музичарите е голем и тој се повеќе се зголемува со оглед на тоа дека во дел од угостителските објекти наголемо се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19, а останатите кои за сето време од почетокот на пандемијата се дисциплинирани и “послушни” не знаат како “да врзат крај со крај” по секоја нова изречена забрана. Едноставно кажано, законот да важи за сите подеднакво. Исто така има најава дека на утрешниот протест пред владата ќе се чуе и по некоја песна, единственото најсилно “оружје” со кое располагаат музичарите и естрадните уметници…