Почетна > Ексклузивно > “Класико бенд” – се снима, се работи, се оди напред…

“Класико бенд” – се снима, се работи, се оди напред…

///
Comments are Off

Кога животот и професијата ти се испреплетени со музиката, тогаш постојано си преокупиран со нови проекти поврзани со неа. Водени од таквата мисла, познатите “Класико бенд” од Кавадарци повторно подготвија ново пријатно изненадување за своите обожаватели и пошироката публика. Оние што ги познаваат и ја следат нивната работа и настапи, со сигурност ќе кажат дека шармот на бендот го носи вокалниот дует на Ангела Стевковска и Чеде Спасиќ кои одлично се надополнуваат….надоврзани со инструменталната подршка на Диме Лазов, Игор Илковски, Драган Петков и магичниот Идает Сејфулов.

Со новиот музички проект на “Класико бенд” ќе бидат задоволени вкусовите како на помладата, така и на повозрасната публика. Истиот опфаќа четири сплета од македонски и српски хитови и се снимаше во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv. Со тоа нашата програма ќе биде збогатена со уште едни нови музички пријатели, “Класико бенд”…бенд кој досега не погрешил во изборот и правецот на тоа што го работат и нудат на своите многубројни обожаватели…