Слично како минатиот пат, и вечерва имаме двајца пејачи и еден спортиста за гости во студиото. Станува збор за фолк пејачот Спасен Сиљаноски, кој ќе ни открие какво патешествие доживеа заедно со својот бенд на враќање од турнејата низ Австралија, како стои со политичарите и зошто пее само македонски песни на своите настапи…Елена Петреска, еден од помоќните поп вокали во Македонија, ќе ни објасни зошто повеќе не снима песни и што ја очекува во наредниот период во МОБ каде што е вработена…и Влатко Грозданоски, поранешен фудбалер на Вардар и на Македонската фудбалска репрезентација кој ќе се потсети на животот во Кипар, како се работи во неговата школа за фудбал и пасијата што ја има кон албумите на “Panini”. Сето тоа ќе биде збогатено со музичките изведби на Спасен и Елена кои ги избраа за ова издание на “7/8”.
Во делот на гостите, ќе имаме можност да се запознаеме со младиот Петар Наумов од Штип, уште малку дипломиран обоист и член на големо музичко семејство и групата “Бумбари”….како и со членовите на групата “Да Капо бенд” кои премиерно ќе ни се претстават со својата прва авторска песна “Заборав”, а подоцна и со незаборавната “Свадба македонска” како означување на новата свадбарска сезона. Неизоставен дел на емисијата се секако групата “Молика” со вокалите Анета и Јовица, а низ шоуто како секогаш ќе ве води наша Анита Даева, која освен прашањата за професионалниот живот повторно малку ќе “прочепка” и низ приватноста на гостите.
Вечерва 20 часот, шоу “7/8” за сите љубители на добрата песна и пријатни разговори….секогаш на BalkanMusicTv.