Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Петар Нечовски, Виданка Ѓорѓиевска и Шабан Трстена…

“7/8” со Петар Нечовски, Виданка Ѓорѓиевска и Шабан Трстена…

///
Comments are Off

Вечерва ќе се дружиме со…Петар Нечовски, најпознатиот фолк пејач од Охрид, присутен на естрадата веќе 40 години со многу освоени фестивалски награди, кариерата ја започнал со забавна музика и учествувал далечната 1984 година и на изборот за Евровизија на Југославија…Виданка Ѓорѓиевска, позната по изведувањето на старите македонски народни песни, автор на 72 свои песни, со музика започнува да се занимава во далечната 1966 година, има издадено 13 албуми и 3 видео албуми, одржала многу концерти во Америка, Австралија и низ европските земји…Шабан Трстена, сеуште го држи рекордот како најмлад освојувач на олимписко злато и тоа во 1984 година во Лос Ангелес, потоа има освоено и еден сребрен медал и едно петто место од олимпијадите, може да се пофали со 715 победи во текот на својата богата спортска кариера, прогласен за спортист на векот во Македонија и најдобар спортист во 1984 година во поранешна Југославија….се на се, интересни гости со богати професионални кариери.

Во делот на музичките бонус гости ќе ги видиме и слушнеме младиот Дане Ќосески од “Модерато бенд” (Кавадарци) и младата Христина Илиоска која веќе пет години живее во Чикаго. На големо задоволство на публиката ќе ja слушнеме заедничката изведба на Виданка и наша Анета на познатата “Многу мерак имам бабо”….а ќе се пејат и други песни по избор на нашите гости.

Она што ни го дозволува терминот ќе биде максимално искористено со многу музика, разговори и сеќавања и ќе заврши со надеж за ново повторно дружење.

Вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv, најпознатото музичко и телевизиско шоу “7/8”, следете не!