Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Нино Величковски, Вики Среброва и Марин Докузовски…

“7/8” со Нино Величковски, Вики Среброва и Марин Докузовски…

///
Comments are Off

Наша Анита Даева ги нарече “фантастично добра комбинација”, а имаше и зошто. Кога им тргна муабетот и песната можеа да останат до сабајле, можеби поради енергијата која ја имаат стекнато од своите динамични животи. Тука вечерва со свое “кумановско шоу” ќе ни се придружи најпознатиот и најпозитивниот кумановчанец во нашата ни земја, Нино Величковски…свестраната Вики Среброва која низ животот се опробала и со уметноста, со бизнисот за крзно, но најмногу останала да другарува со песната и дружбата…и човекот кој заедно со македонската кошаркарска репрезентација во 2011 година не воздигнаа со својот голем успех на Европското првенство во Литванија и ни дадоа можност да почувствуваме како е да се биде меѓу најдобрите.

А кога станува збор за најдобрите, нашите гости ќе ги придружува група “Молика” и Анета Мицевска која за оваа емисија се определи за три македонски незаборавни песни. Убавата атмосфера во студиото дополнително ќе ја зголемат и 73 – годишниот Вевки Амедов кој со својот кларинет ќе ги “навезе” “Вевкиев чочек” и “Благоево оро” и “Фаворити бенд” од Гостивар кои ќе ги слушнеме со своите авторски песни “Брате старосвате” и “Мерак песна”.

Ако не верувате на пишаното, бидете вечерва во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv за да слушнете многу животни приказни и да запеете заедно со нас исто како што го направи тоа и нашиот селектор Докузовски. Не пропуштајте!!!