Откако успешно и со “кеиф” ја отворивме втората музичка сезона на “7/8”, еве не кај новата вечерашна емисија која исто така ни носи една возбудлива комбинација…што би рекле некои “само да ја посакаш”. Можеби поради Елена Андоновска која доследна на македонската традиционална песна продолжува по трасираниот пат таа никогаш да не згасне или поради Влатко Миладиноски кој самата Анита Даева со право го нарече “најсилниот музички воин за македонската песна”. Тоа на лице место и двајцата ќе го потврдат со своите интерпретации во живо со песни кои милуваат душа, кои секогаш се барани и за кои народот има голем музички “апетит”.
По точно една година Елена и Влатко ќе си разменат по едно свое најново цеде што им останало како договор од минатогодишното новогодишно снимање. Освен разговорите за најновите проекти, планови и желби гледачите ќе можат и по малку да се забавуваат преку рубриката “Ако криеш – ќе пиеш”, имитации и прашања од публиката. Тоа ќе допринесе за опуштената и забавна атмосфера во студиото што секако не би било така ако разговорот низ емисијата не го води нашата водителка Анита Даева (100% насмевки за сите).
Оваа емисија музички ќе ја збогатат битолскиот тандем од групата “Molika One”, Рената и Игор и младиот Секо кои со своите изведби ќе направат и овојпат шоуто да ни биде богато, разновидно и распеано…затоа што кај нас само така можат да си поминат сите, и гостите и гледачите.
Вечерва на BalkanMusicTv (20:00)…време резервирано само за вас!!!