Почетна > Македонија > Џубокс неделно уживање – група “Фортуна”…

Џубокс неделно уживање – група “Фортуна”…

///
Comments are Off

Недела…омилен ден во кој сакаме да се прошетаме, дружиме, да си направиме по некое “гезме” со фамилијата или пријателите…а каква е таа седенка, ако нема добра музика. Добрата музика секогаш ни ја пружаат добрите музичари, нели!? И тогаш целата неделна атмосфера добива на блискост, топлина и позитивна енергија. Затоа што, се што е поврзано со музиката одново и одново придвижува се наоколу…па и самите нас…

Ова неделно попладне наши и ваши музички гости ќе бидат познатите – група “Фортуна”. Нивното опстојување на македонската музичка сцена речиси 15- на години, нивната музичка поткованост и наобразба, владеењето со многуте музички стилови и разновидност, се доволен доказ дека станува збор за сериозни и професионални музичари. Можеби затоа се омилени кај сите најголеми музички имиња во Македонија и регионот кога се во прашање квалитетните концерти. Затоа што секој изведувач сака и треба да “диши” како едно заедно со својата музичка придружба. Со должна почит кон сите членови на групата, и нашиот оркестар “7/8” веќе долго време е збогатен со магичниот кларинет на мајсторот – инструменталист Новица Соколовски, што значи дека во нашите редови ги имаме само најдобрите…

И ова неделно попладне со почеток во 17:00 часот, бидете на фреквенцијата на BalkanMusicTv за да ви ја пренесеме нашата позитивна енергија. Членовите на групата “Фортуна” ќе бидат тука само за вас, за да ви засвират и запеат, за да ви ја исполнат секоја ваша музичка желба. Не чекајте од другите, подарете си самите на себе едно музичко доживување, затоа што во моментов само со музиката можеме да бидеме сите на “едно место”, многубројни, расположени и сплотени од сите четири страни на светот…Да живее музиката!!!

Недела, ден за ручек со фамилијата и добра музика во живо на Балкан Мјузик ТВ.Вашето расположение, во рацете на Група Фортуна. 17 час, Балкан Мјузик ТВ и лајв на фб фан страната.

Posted by BalkanMusic TV on Saturday, 13 June 2020