Почетна > Македонија > СЕКО – “Далеку од тебе” – балада за сите скршени срца…

СЕКО – “Далеку од тебе” – балада за сите скршени срца…

///
Comments are Off

Секое прво музичко чедо е најсакано, најемотивно и за него возбудата е поголема поради очите на јавноста кои ќе бидат вперени во него. Но, кога музиката се негува со години и генерации во семејството, се чини дека успехот си доаѓа сам по себе…и пофалбите. Од Делчево ни доаѓа новата музичка надеж, младиот Секо од “Универзал бенд” кој трпеливо чекајќи, го дочека излегувањето на првата песна и видео запис насловен како “Далеку од тебе”. Заслужен за комплетното создавање на песната е Дејан Георгиевски – Џене, а звукот на виолината ни го носи Сенат Дурмишов. Видео приказната пак ни ги открива убавите предели во Делчево и околината на Македонска Каменица, преплетени со зборовите и звуците за несреќната и невозвратена љубов. Како музичка потпора заедно со Секо во спотот се појавуваат и Кристијан Николов (гитара), Даме Манов (сајзер) и Роберт Веселиновски (тапани)…

 Се на се, од почеток до крај оваа балада на младиот Секо звучи и изгледа одлично како за почеток на уште многу нови негови песни. Во меѓувреме тој и неговите колеги музичари од “Универзал бенд” – Делчево ја делат судбината со останатите наши музичари низ земјата. За жал полека поминуваат деновите за матурските и свадбените веселби на кои овој бенд имаа големи ангажмани и настапи. За да се остане во кондиција, се свири по дома и се работи на нови идеи кои еден ден ќе донесат други нови музички проекти…