Почетна > Македонија > Џубокс комбинација – група “Академци” и Џељо Дестановски…

Џубокс комбинација – група “Академци” и Џељо Дестановски…

///
Comments are Off

Чудни се патиштата музички…во еден миг од овде те носат преку седум планини, долини, мориња и каде уште не. И не само тоа, ќе те поврзат и со најмилото, најсаканото и најдалечното нешто што копнееш да го видиш и прегрнеш. Песната ни го дарува сето тоа, но секако само ако знаеме вистински да уживаме во неа….како сите наши ценети гледачи во саботните “Џубокс” изданија на BalkanMusicTv. Кој видел знае – кој не видел и не слушнал, му раскажале…па така нашето музичко семејство од ден на ден се повеќе расте. Затоа што единствено со музиката се опуштаме и забораваме на секојдневието, затоа што сме родени со и не можеме да живееме без неа, затоа што сме едноставно така “скроени”…

И како што веќе знаете, саботните вечери се резервирани само за вас и вашите музички желби. За вечерва имаме уште една неодолива комбинација…тие се искусни, талентирани, добро познати на јавноста, имаат остварено и заеднички музички проекти, некои ги поврзува и работата во ансамблот “Танец”, докажани виртуози на своите инструменти со имиња кои нешто значат на македонската музичка сцена, некои докажани автори на музика, текст или пак аранжмани…и на набројувањето може да му нема крај, како што немаат крај и нивните патишта “посипани” со ноти и весели звуци.

Со еден збор, тие се група “Академци” и Џељо Дестановски, нашите вечерашни музички гости и пријатели во саботното “Џубокс” издание резервирано за песни, забава, опуштена атмосфера, поздрави и честитки…едноставно за музичко поврзување, поврзување кое ви го овозможува само BalkanMusicTv…секоја сабота, па и оваа во (20:00).

Не пропуштајте и уживајте…кажете желба и запејте заедно со нас!!!

Оваа сабота, додека седите дома, имате можност да уживате со добра музика на Балкан Мјузик ТВ, заедно со Џељо Дестановски и Група Академци….Музика за душа, сабота, 20 час, Балкан Мјузик ТВ!!!

Posted by BalkanMusic TV on Thursday, 4 June 2020