Ведар, позитивен, секогаш спремен за соработка, со докажана екипа која секогаш совршено се вклопува во секоја негова нова замисла. Тој е музичар и инструменталист кој е секогаш воден од животното мото дека треба постојано да се творат и создаваат нови музички проекти. И затоа секој негов нов проект ни носи потполно уживање, впрочем како што уживаат и самите тие кои ја создаваат и пренесуваат преку своите инструменти на публиката…
Овој пат во најава го имаме новото “Еснаф оро” за кое самиот Џељо Дестановски ни изјави…”Може да се каже дека орото е сработено пред 1 година и е направен одличен спој од зурла, кларинет и уд, што за многу музичари е невозможна комбинација. Музиката е народна, а јас со својот аранжман пробав малку да ја освежам и приближам на денешните “модерни вкусови”. Искрено се надевам дека звукот што го донесовме со нашите инструменти ќе им се допадне на сите, особено на љубителите на инструменталната музика. Воедно сакам да упатам благодарност и до Студио Благоја Ковачевски (микс и мастер), “Арт студио” – продукција (видео) и BalkanMusicTv за подршката во секој наш нов проект. Екипата е добро позната, неуморна и уиграна…Ферчо Мустафов (кларинет) и Ален Рамчевски (уд и ритам гитара) како солисти, Мите Стоилков (бас гитара), Далибор Ефтимовски (тапани и тарабука) и секако звукот на мојата зурла. Посебна благодарност до најмладиот “колега” Никола, се надеваме иден голем музичар, кој со својата тарабука и детска харизма ни го разубави нашето видео”…
Ако некој ја сака својата работа и ја работи со љубов, ако екипата диши секогаш како еден и звуците на инструментите “лизгаат” и на јаве и на сон, тоа не може да остане незабележано во јавноста. Па така и новото “Еснаф оро” на нашиот Џељо Дестановски и пријателите ќе донесе нов звук за уживање, нешто што ќе се слуша со големо задоволство….до следното уште поголемо музичко задоволство!!!
(Во меѓувреме уживајте во нешто од ризницата на BalkanMusicTv)