Почетна > Ексклузивно > “Џамбо Агушеви” оркестар – денес промоција на “Министер чочек”…

“Џамбо Агушеви” оркестар – денес промоција на “Министер чочек”…

///
Comments are Off

Тие се мега популарни овде, на Балканот и насекаде во светот…нивниот живот се патиштата, концертните сали и фестивалите…нивната љубов се инструментите и музиката што ја создаваат…нивните соништа од година во година се повеќе се остваруваат…тие се посебни, единствени, уникатни и за среќа потекнуваат од под ова наше македонско сонце…тие се “Џамбо Агушеви” оркестар…

За музичари кои од 365 дена во годината исто толку се некаде по белиот свет, овие денови на забрана за движење и седење дома убаво им дојде малку да здивнат и да се посветат на своите семејства. И самиот Џамбо гостувајќи во нашето карантинско “7/8 шоу” не ја скри возбудата за тоа како ги поминува деновите со своите две деца. И еве по долго време, на големо задоволство на нивните обожаватели кои се навикнати и желни за секогаш нови проекти, оркестарот на Џамбо Агушеви одлучија повторно да не изненадат со нешто ново…”Пред извесно време јас и мојот оркестар одлучивме да снимиме 5 нови аудио и видео записи. Без оглед на сите потешкотии од пандемијата и ограничувањето на движење успеавме што поскоро да го завршиме снимањето и да ги израдуваме нашите фанови и слушатели. Голема благодарност до екипата на “Арт студио” – продукција која неуморно работеше заедно со нас на неколку локации во Струмица. А веќе денес на Youtube специјално за нашите фанови ќе биде објавен и првиот видео запис” –  низ разговор ни откри самиот Џамбо и додаде дека дури од септември би можело да се вратат во ритам со сите закажани европски и светски гостувања, се разбира ако се бидe во ред со пандемијата…

За сите вистински уживатели на музиката од “Џамбо Агушеви” оркестар, денес во 16:00 на Youtube каналот ќе се случи премиерата на нивниот нов видео запис насловен како “Министер чочек”. И затоа не пропуштајте, уживајте, барем за миг развеселете се и очекувајте ги и наредните нивни видеа…затоа што каде се “Џамбо Агушеви” оркестар таму е радоста, среќата и патот “кон виножитото”…