Почетна > Ексклузивно > “ShowROOM”…нов музички проект на BalkanMusicTv

“ShowROOM”…нов музички проект на BalkanMusicTv

///
Comments are Off

Кога ќе се соберат музичари и изведувачи кои се на иста “фреквенција”, тогаш тргнува музиката за своја душа…онаа која се слушала и пеела во едно друго време, на едно друго место. И да, сите сме го поминале истиот пат, сме се вљубувале на тие песни, сме пуштале по некоја солза или пак сме кршеле по некоја чаша. Затоа што во тоа време и песните и луѓето беа такви…меланхолични, полни со љубов и музиката просто извираше “самата од себе”…

Новиот музички проект на BalkanMusicTv насловен како “ShowROOM”, за момент ќе ве врати во минатото преку песните кои ги одбраа нашите гости, некои од нив дирекни учесници во тој некогашен музички бран. И секој ќе си го пронајде својот хит, својата песна за вљубување, радување или пак тагување…затоа што енергијата која ја даваат сите наши учесници во проектот е посебна и на моменти магична. Музиката е како виножито, сите бои носат различни стилови на музика…музичарите се како цветови, секоја полјана е пуста без нив…а пејачите се како ѕвезди на небото, без нив тоа би било темно и без сјај, обично и без живот…

Ние го имаме рецептот за убава и возбудлива саботна вечер:

-изведувачи од секаков “калибар” – Анета Мицевска, Мими Јовановска, Сандра Милковска, Горан и Мите Стоилкови, Христијан Кико Божинов, Цаки Кисми, Јовица Наумчевски, Ален Хасановиќ и Драгана Јорданова (пратечки вокал)…

-музичари од секаков стил – Роберт Спасенцовски, Ферчо Мустафов, Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Роберт Јосимовски, Ивица Лазаров, Дарко Аврамоски и Дарјан Дунчевиќ…

-музичко засилување и освежување – Филип Нуне, Зисо Пуровски, Џељо Дестановски и најмалиот, најслаткиот на тарабука Никола Ефтимовски…

– музички продуцент – Горан Мирковски (The Studio – Music Studio Production)

-место на настанот – “Арт студио” – продукција…

-“тата – мата” за сценографија – Ален Карамехиќ…

– време и фреквенција – сабота (22:15) на BalkanMusicTv…

-дозирање – неограничено!!!

Ако сте носталгични, романтични, сентиментални и лесно расположливи, бидете со нас во сабота навечер и уживајте…затоа што каде е BalkanMusicTv, таму е добрата домашна музичка атмосфера!!!

Sabota, 22:15 ShowROOM

20:00 Live Koncert so Aneta & Grupa Molika, gostin Oliver Aleksovski22:15 PREMIERA – ShowROOM

Posted by BalkanMusic TV on Wednesday, 24 June 2020