Почетна > Македонија > Јордан Митев – Се што дофати, ко злато позлати…

Јордан Митев – Се што дофати, ко злато позлати…

///
Comments are Off

Нова година, Бадник, Божиќ….празници посветени на семејството, пријателите, добрата музика, храна, вино, љубов, разбирање и подавање рака кон секого. Тоа се денови кога сите ќе се најдат на едно место дури и оние кои не можат да се видат и по цела година. Тогаш се собираат сите за да се види кој како е, до каде е, со кого е и на каде го води патот…

А нашиот пат не одведе до Борисово, општина Ново Село каде во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божиќ се одржа “Печалбарска вечер”. На неа присуствуваа бројни наши иселеници кои животот ги распрсна низ цела Европа, домашни гости од повеќе градови на Македонија, но и од соседна Бугарија. А како една празнична вечер добива на интензитет и еуфорија?…се разбира со добра музика и добра енергија. Сето тоа им го пружи нашиот познат и популарен фолк пејач Јордан Митев со неговиот оркестар, чие име при самото спомнување подразбира дека тука веселбата ќе го доживее својот максимум. Така беше и овојпат…со својот богат репертоар на љубовни и патриотски песни нашиот Јордан допре до срцата на сите “одлетани птици од своето гнездо”, сите вљубени и сите мераклии на нашиот еден и единствен богат ритам. Тоа посебно чувство тој на сите присутни им го пружи и со своите изведби на кавал, гајда и зурла, звуци кои никогаш нема да те остават рамнодушен и смирен. Јордан Митев вечерта се предаде музички и физички како што самиот тој знае и умее, како што е познат и како што поинаку не може да се покаже и докаже…целосно!!!