Почетна > Македонија > Група “Оскар” – Нема време за одмор…

Група “Оскар” – Нема време за одмор…

///
Comments are Off

За добрите презентери на македонската песна никогаш нема време за одмор, особено кога се во прашање деновите околу Новогодишните празници. Тогаш се опуштаме и сакаме да се провеселиме, да се дружиме по меаните и да не веселат музичари кои сето тоа ќе го направат незаборавно…се до следниот празник и следното дружење оти ние сме си такви, зависни од музика…

По новогодишните забави и дружба со виничани, група “Оскар” од Битола го посети Центарот за лица со попреченост “Цплип Порака Битола”. Тие на своите тамошни пријатели им подарија мигови на музичко дружење со своите песни и иструменти, моменти кои секако многу ги развеселија и за момент ја направија оваа Новогодишна прослава посебна за нив…

Во периодот што следи момците од група “Оскар” ги очекува и дружење со жителите на Кичево и околината и тоа на 19, 20 и 21 јануари која ќе заврши со целодневна забава во с.Бигор Доленци. На тој начин нашите граѓани од тој крај весело и со песна ќе ги прослават празниците Водици и Свети Јован, подеднакво значајни како и предходните…

И не само тука, македонската песна е секогаш добредојдена насекаде каде живеат нашинците…па така на 25 јануари во Трелеборг – Шведска ќе се разлеат песните и желбите за успешна година кои заедно со “Оскар” ќе им ги донесе и пренесе нашата позната фолк пејачка Татијана Стефановска. Комбинација која ветува добра забава затоа што секој слободен миг треба да се слави животот и среќата, а како поинаку ако не со музика…