Почетна > Македонија > Тоше Ангелески со нови кавери како за своја душа…

Тоше Ангелески со нови кавери како за своја душа…

///
Comments are Off

Од музички славното Кичево потекнуваат многу познати грла кои веќе си го имаат своето место во македонската музика. И секогаш е пријатно да се слушне дека доаѓаат и други, нови, талентирани и амбициозни млади сили кои ќе зачекорат по патеките на своите предходници. А кога тоа што го работиш ти доаѓа од срцето, успехот и популарноста ќе си дојдат со текот на времето.

Младиот Тоше Ангелески ги има сите предуслови за брзо време да си го најде местото под македонското музичко небо. Веќе е апсолвент на Музичката академија во Штип што значи дека успешно ја привршува таа етапа од животот кога станува збор за образованието. За подобро да го запознае нашата публика, тој во соработка со “Арт студио” – продукција сними три преработки на познати српски хитови за што ќе каже…”Многу сум задоволен од соработката со “Арт студио” и нивната професионалност. Ова се преработки на познати музички хитови кои ми се омилени и се дел од мојот репертоар на свирките. Во блиска иднина ќе следат уште нови проекти заедно со продукцијата. Моментално работам на две мои авторски песни што ќе бидат објавени во текот на оваа година. Во однос на настапите, секој викенд сум ангажиран во клубови, ресторани и дискотеки низ целата наша земја. Среќен сум што засега сум доста добро прифатен од македонската публика и за голема среќа расте интересот за мои настапи низ државата. За своите 23 години можам да кажам дека сум горд на мојот досегашен успех. А соработката со “Арт студио” и BalkanMusicTv е еден нов почеток во мојата музичка кариера”.

Клавир, полно срце со музика и изведба како за своја душа…секогаш е доволно.