Почетна > Македонија > “Модерато бенд” со нов музички проект за старо-нови обожаватели…

“Модерато бенд” со нов музички проект за старо-нови обожаватели…

///
Comments are Off

Уште една позната музичка група од Кавадарци беше активна периодов што изминува. Станува збор за “Модерато бенд” кои како и многумина музичари и изведувачи трпеливо чекаа и дочекаа да се стекнат услови за нови снимања и секако дружења. Во вистинско време и на стартот од новата свадбарска сезона, тие го снимија новиот музички проект во кои вметнаа музика од секаков “калибар” и тоа…”Боемски микс” составен од познати хитови на Тома Здравковиќ, “Мераклиски микс” составен од познати македонски и незаборавни песни и микс од два популарни хита на Ацо Пејовиќ. Аудиото се снимаше во “Подрумот” кај Ангел Ќосев, а за видеото се погрижи екипата од “Арт студио” – продукција. За подобра и опуштена атмосфера момците од групата го одбраа прекрасниот амбиент на ресторанот “Taim” во Кавадарци, односно средината каде тие се чувствуваат “свои на своето”. Исто како и нивната музика која во зависност од веселбата или свирката опфаќа од се по нешто за сите кои ги слушаат и подржуваат…актуелни хитови, песни без кои не може да се замисли ниту една семејна веселба или пак нумери за помладата генерација која ужива во клупската свирка. Затоа што комплетниот музичар треба да одговори на секоја музичка желба, нели?!