Почетна > Македонија > “Тата Мата” со нов музички проект…

“Тата Мата” со нов музички проект…

///
Comments are Off

Тие се “тата мата” кога станува збор за тоа како да се одбере и презентира музиката…затоа што се долго време на сцената, професионалци во тоа што го работат, познати и признати музичари и со нив веселбата ви е секогаш загарантирана. Искуството низ годините си го прави своето, а љубовта кон музиката, особено кон македонската си ги носи и бројните слушатели и обожаватели кои сакаат да се “наежат” секогаш кога ќе ја слушнат зурлата. А има и зошто.

Во соработка со BalkanMusicTv, групата “Тата Мата” сними нови кавери со избор од македонски незаборавни песни кои прават весела атмосфера и сеуште се барани од публиката….”Стојану гости дојдоа”, “Што имала ксмет Стамена”, “Три невесте тикве брале”, “Девојче бело црвено”, “Море на сред село” и онаа без која не се може ниту на една семејна веселба “Ја излези Ѓурѓо”. Секако, за нашата публика надвор од границите има и избор од актуелни српски хитови. За снимањето на моментално најголемиот балкански хит на Тома Здравковиќ – “Поноч”, на вокалот Дејан Здравков му се придружи неговата колешка Виолета Пандовска како гостинка на песната. Се на се, публиката која ги следи настапите, свирките и веселбите на групата “Тата Мата” ќе можат да уживаат во нивната музика. Оние пак малобројните ќе ги засакаат и веднаш ќе се приклучат на предходно споменатите.

Ова е нашиот избор за вас…