Почетна > Македонија > Спасе Антевски со нов свадбарски хит…

Спасе Антевски со нов свадбарски хит…

///
Comments are Off

“Шербет блага невесте” е новата хит нумера која нашиот музички пријател Спасе Антевски ја промовираше во популарното шоу “7/8”. Дека на повидок е нов свадбарски хит говори тандемот од Златко Миладиноски (аранжман) и Анита Даева (текст), со што песната го доби и посакуваниот весел ритам и “китнести” зборови кои лесно се паметат уште при првото слушање. Такви позитивни реакции имаше и во самото студио на BalkanMusicTv каде се случи премиерата на песната. Веселиот амбиент го збогатија членовите на КУД “Кочо Рацин” со својата младост, убавина и колоритни народни носии како и групата “Ќустек” кои го распослаа звукот на зурлата и тапанот, звук кој секогаш освојува.

Во пресрет на пролетта и отворањето на сезоната на семејните веселби, можеме слободно да кажеме дека “Шербет блага невесте” ќе биде уште еден музички хит кој веднаш ќе ја освои публиката. Во нашата земја сеуште има краеви и места каде на свадбите доминираат традиционалните музички инструменти. Затоа веруваме дека оваа нова песна на Спасе Антевски, совршено ќе се вклопи во оние свадбарски песни кои си ги имаме оставени во аманет од многуте наши музички грла.

Пуштете, слушнете и уживајте…нека гласот на Спасе Антевски ве разнежи со зборовите што се редат како низа од благослови, со звуците кои никого не оставаат рамнодушен.