Речено – сторено…и како што најави на своите обожаватели и гледачите на BalkanMusicTv, така полека Семи Џонс Алушоски ги остварува своите музички проекти. И овој пат тој реши да продолжи со весел ритам кој ова лето повторно завладеа на нашите семејни веселби и празнувања кои не можат да поминат без убаво расположение со убава музика. А тоа повторно го има во неговата нова песна и видео запис насловена како “Радост голема”. За истата текстот и музиката ги напиша Орце Стефковски, аранжманот е на Славко Ристески, а на саксaфон гостува Кире Иваноски. За да ја презентира онака како што знае, весело и во опуштена атмосфера, Семи повторно ја одбра истата екипа за снимање на видео записот и тоа Andrew Miaoulis – “AM Productions” (Мелбурн, Австралија), а снимањето на вокалот го направи во студиото на Chris Gatz – “GM Sound Studios” (Мелбурн, Австралија) што истовремено беше и локација за снимање на видео записот. Бидејќи станува збор за песна со весел ритам и овој пат свој придонес дадоа расположените пријатели на Семи и музичарите од бендот на Алекс Богдановиќ.
Иако почнавме да живееме во малку поинакво време кое ни донесе нови навики и правила, Семи Џонс Алушоски со својата балканска крв во себе и понатаму верува дека сите наши веселби, крштевки и свадбени прослави треба да ги прославуваме онака “балкански”…со сите драги пријатели околу себе, со добра и весела музика и секако со позитивна енергија која многу ни е потребна на сите нас. Исто како што ја има во “Роденден”, “Друштво весело” и сега во најновиот музички хит “Радост голема”…сите на нашиот музички пријател од далечна Австралија – Семи Џонс Алушоски.