Почетна > Македонија > Простување од Гоце Талевски (група “Оскар” – Битола)…

Простување од Гоце Талевски (група “Оскар” – Битола)…

///
Comments are Off

Секој треба да си ја изоди до крај патеката на животот, секој треба да си се даде себеси до крај на најмилите и најважните, секој треба да има доволно време за да создава, дарува и љуби додека во него постои и последниот атом на сила и енергија, секој треба ама…

Денес не напушти уште еден член од нашето големо музичко и инструментално семејство, Гоце Талевски…еден од основачите на групата “Оскар” од Битола, еден од оние кој го владееше инструментот што ја дава душата на песната и ритамот на радоста. Во неговата животна борба несебично се приклучија сите негови колеги од групата, пријатели и познаници кои беа водени од мислата да се спаси еден млад живот кој не треба прерано да згасне. Но за жал, многу нешта не зависат од самите нас.

BalkanMusicTv изразува длабоко сочувство до семејството на Гоце Талевски и колегите од групата “Оскар” – Битола….воедно и благодарност за сите соработки и дружења во текот на снимањата за нашите музички емисии и проекти…

Почивај во мир…