Почетна > Македонија > “Прилеп Фест” со последни подготовки за своето посебно издание…

“Прилеп Фест” со последни подготовки за своето посебно издание…

///
Comments are Off

Посебно затоа што повторно се враќа на голема врата по пауза од две години…посебно затоа што ќе настапат звучни, познати и популарни музички имиња…посебно затоа што организаторски е покриено од „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски…посебно затоа што се одржува во градот познат по музикалноста и гостољубивоста – градот Прилеп…и посебно затоа што конечно и полека се враќаме кон фестивалите, места за пласирање на нови музички хитови, места за дружење и разменување на искуства, спомени и идни планови и места каде најважно од се, се создава нова музика за следните генерации.

Судејќи според списокот на учесниците за оваа година, на 26 мај во домот на културата “Марко Цепенков” ќе биде епицентарот на македонската музика, а таму сите по ред…Нино Величковски, Елена Велевска, група “Фокус”, Ивана Серафимовска, Зуица Лазова, Блага Петреска, Живе Мешуревски, Сања Ристеска, “Скопски боеми”, Сања Барбика, Иван Илиев, Јордан Митев, Сани Гроздановска, група “Маестро”, Драгица Радосављевиќ-Цакана, Наум Петрески, Татијана Стефановска, Адријана Ацевска, Марјан Коцев и Сузана Гавазова….музички имиња од нашата естрада што ветуваат добра и квалитетна фестивалска вечер. Организаторите Борче Нечовски и Дејан Момироски очекуваат оваа година повторно да се врати стариот сјај на “Прилеп Фест”, местото каде се раѓаа нови музички и квалитетни хитови. На тој начин ќе се продолжи традицијата на овој фестивал…фестивал кој своевремено беше и има надеж да остане еден од музичките симболи на градот Прилеп.

Генерален покровител на овој голем музички настан е Општина Прилеп, а BalkanMusicTv како медиумски покровител е секогаш тука да ја подржи традицијата на новосоздадената македонска песна. Во духот на старите времиња ќе се доделат признанија од публиката и стручната жири – комисија, а исто така ќе биде доделена и наградата за животно дело.