Почетна > Македонија > Да не се заборават – Драган Вучиќ…

Да не се заборават – Драган Вучиќ…

///
Comments are Off

Драган Вучиќ (Скопје, 6 септември 1955 год. – Скопје, 4 мај 2020 год.) – македонски композитор, пејач, филантропист и телевизиски водител.

Луѓето кај нас во нашата ни земја, добиваат на вредност дури откога ќе го напуштат овој свет. За некого се поважни аферите, гафовите, зависта и чепкањето по приватноста отколку создавањето со свој труд, успесите и вистинското јас на личноста. И затоа, се што ќе се открие подоцна некогаш е многу доцна за сите….и за оној на кого треба да му се стисне раката во знак на благодарност, и за оние кои сакаат да го сменат своето мислење и тоа јавно да го кажат….

Пред две години, на 4-ти мај прерано не напушти можеби најпознатиот и најпопуларниот македонски ТВ водител Драган Вучиќ. Неуморен во својата работа, уникатен по своите идеи, истраен и со цврста волја да успее во секој нов проект…тој секако заслужува да го спомнеме и …

-да не се заборави неговото членување како басист во групите “Тавче гравче” и “Кода” со кои го одбележаа времето на популарниот ноќен живот во едно посреќно Скопје;

-да не се заборават неговите големи хитови “Твоите очи шараат”, “Јана Јана”, “Ника Ника”, “Кате мори Като”, “Нигде нема таква љубов”, “Каде и да одам”, “Катерина” и многу други….како и неговите композиторски “Свирете ја зајди, зајди”, ”Ангели ме носат”, ”Кажи ѕвездо” и уште многу други кои вивнаа други млади изведувачи или колеги во нови музички височини;

-да не се заборави дека беше одличен басист кој учествуваше во многу проекти соработувајќи со голем број популарни балкански музичари и изведувачи…

-да не се заборави неговото прво музичко шоу на телевизиските екрани “Вашите пет минути” кое беше еуфорично, мега гледано и  со кое започна целата негова шоу приказна;

-да не се заборави неговата љубов кон животот, дружбата со колегите и градот Охрид како негово омилено место за одмор, душевен мир и полнење на “батериите” за нови животни и музички предизвици…