Почетна > Ексклузивно > Празнично, свечено и со гордо срце – промоција на новиот запис на Сања Ристеска…

Празнично, свечено и со гордо срце – промоција на новиот запис на Сања Ристеска…

///
Comments are Off

Пејачката Сања Ристеска, која во моментов е мега популарна на нашата фолк естрада, повторно докажа дека е заслужено таму каде што е.

Водена од љубовта кон македонската традиционална песна, направи извонредна преработка на песната “Оган да го гори”, оригинално изведена од доајенот на македонската народна музика Гоце Николовски, чиј автор на музиката и текстот е самиот тој. Песната е премиерно изведена 1992 и по цели 30 години и уште 3 преработки од врвни македонски пејачи, како група Бисер, Војо Стојановски и Сузана Спасовска, ја добива и оваа модерна верзија.

Спотот е снимен во Крушево и е во продукција на “Арт студио” и BalkanMusicTv, аранжманот го направи Дејан Момировски (XL Studio), а дополнителна празнична и впечатлива музичка нота дава познатиот Џељо Дестановски со своите зурла и кавал.

“Верувам дека ќе ве направам горда и ќе го зачуваме духот на македонската песна сите заедно” – изјави Сања Ристеска задоволна од реализацијата на целиот нов музички проект.

Веруваме и ние и сигурни сме дека на Македонија и се потребни вакви исклучителни уметници кои и во иднина низ своите песни ќе продолжат да ја негуваат традицијата на македонската народна музика и обичаи.