Почетна > Македонија > Популарните “Легато бенд” со нов летен хит и видео запис…

Популарните “Легато бенд” со нов летен хит и видео запис…

///
Comments are Off

Животот исполнет со музика е убав и за оние кои ја создаваат музиката и за оние кои потоа уживаат во неа. За секои од нашите познати и барани музички групи може слободно да кажеме дека се родени со музички “ксмет”. Едни од нив се и популарните “Легато бенд” кои се специфични по многу нешта…по тоа дека “царуваат” во струмичкиот крај, по тоа дека треба да се викаш Ристе за да членуваш кај нив, по тоа дека прават посебен “штимунг” на семејните веселби, дека се отворени и со широко срце кон секоја публика и секој музички жанр. Ова последново се однесува и на нивниот нов музички хит “Без тебе” кој како освежување ни доаѓа во деновите кога полека го испраќаме летото.

По тој повод, вокалот на групата Ристе Гавровски задоволно ќе каже…”За овој стил на песна размислувавме откако почнавме да соработуваме со ноќните клубови, кафулиња и локали, па затоа сакавме да направиме песна со свеж и летен ритам, нешто што би се слушало секаде и во секоја пригода на радио, во локал итн. Оргиналната музика е позната грчка песна за која ги купивме авторските права, па за новиот аранжман се погрижи добро познатиот Иле Спасов кој зад себе има изработено повеќе македонски хитови, а текстот го напиша Огнен Неделковски…што значи дека ги одбравме најдобрите. Во спотот е изразена млада бурна љубовна приказна во која улога имаше моделот Елена Ѓорговска, во склоп со кадри заедно со останатите членови од групата “Легато”.

За снимањето и монтирањето на видео записот се погрижи Ѓорги Вацев заедно со неговите асистенти, а местата каде се одржуваше снимањето е соседна Грција и нашата Битола. Песната е направена со многу оптимистички очекувања дека ќе успее да остави трага кај слушателите и општо во нашата секојдневна музика. Кога сме кај летото, што би рекле ние музичарите, работевме и уште работиме “турбо”, но сепак успеавме да најдеме време и да ја изработиме финално песната “Без тебе”. Во периодот што следи имаме планови и за други нови музички проекти, кои нашата публика и обожаватели секогаш и во секое време ги очекуваат со нетрпение”…