Почетна > Македонија > Позитивната енергија на Енерџи Бенд

Позитивната енергија на Енерџи Бенд

///
Comments are Off

За енергијата на овој бенд ќе биде клише да зборуваме, бидејќи на сите добро им е позната.

А како што си кажува и нивното име, Енерџи бенд, својата енергија овојпат ќе ја трошат во Австралија, на нивната следна турнеја која што започнува наредниот месец.

Но, додека да дојде време за нивната турнеја, момците макотрпно работеа на еден прекрасен проект. Станува збор за кавери од познати македонски песни или поточно “Кабаре шоу”. Ова шоу го снимија со “Арт студио” продукција, за која што велат дека снимањето поминало во забава и леснотија.

“Кабаре шоу” е веќе на платформите, па вие можете да уживате во оваа нивна получасовна изведба со прекрасни македонски песни како што се “Солзи врели нека пресушат”, “Пусти ти биле меаните Иле”, “Магија” и многу други…

Во иднина можете да очекувате уште вакви проекти од нив, бидејќи како што велат тие за Балкан Мјузик тв :Ова е нешто во што уживаме додека снимаме.

Тие веќе со години успешно „пливаат“ на македонската естрада, а публиката често за нив знае да каже дека се „кралеви на живите настапи“, но тие велат дека на почетокот не било се така розово…

„Не се плашевме од неуспех, туку од коментарите на опкружувањето. Имавме и ние негативни коментари на почетокот, но благодарение на нив денеска сметука каде што сме“ – наскусо изјавија тие за Балкан Мјузик тв.

Исто така овие момци велат дека важна е енергијата која ја давате на публиката, односно каква енергија им пренесувате, со таква ќе ви вратат.

Инаку како што спомневме и на почетокот, момците од „Енерџи бенд“ се подготвуваат за големата  турнеја во Австралија следниот месец, која уште од сега може да се каже дека е распродадена…

Подготви: Симона Бошкова