Почетна > Македонија > Нема одмор за група ,,Круна,,

Нема одмор за група ,,Круна,,

///
Comments are Off

Од Гранд, па се до Италија, Германија, Швајцарија…

Светски, а наши. Овие момци се вистинско освежување на нашата сцена.Шармантните и енергични момци од група Круна за Балкан Мјузик Тв со неверојатни приказни за нивните искуства…

Нешто што сега е најактуелно е нивното патување во Швајцарија, каде што ќе гостуваат и ќе пеат македонски песни за тамошната публика.

Задоволството не го кријат, напротив, чест им е да патуваат надвор од нашата земја и да презентираат македонска музика.

За нив тоа не претставува умор, па освен ова изненадување ,момците изјавија дека спремаат и големи настапи низ Германија и Италија.

Нешто што исто така ни пробуди интерес е нивното гостување во Гранд телевизија.

“Необјасниво е чувството да отидеш во друга земја и повеќе од еден час да презентираш македонска музика”- велат тие за Балкан Мјузик Тв.

После ова гостување добиле премногу позитивни коментари, а неизбежни биле и повиците за следни гостувања во странство.

Меѓутоа освен сите овие прекрасни нивни успеси и соработки надвор од нашите граници, група Круна открива:

“Снимавме со Арт продукција и гостувавме на Балкан Мјузик Тв, па пред се сме среќни што и кај нас имаме каде да се промовираме и со кого да соработуваме. “

Снимањето поминало подобро од очекуваното, а тие наскоро спремаат 4та заедничка песна со која што ќе ја израдуваат публиката.

Ние уживавме во дружењето со нив, а вие продолжете да уживате во нивната музика…

Подготви Симона Бошкова