Почетна > Ексклузивно > “Од Истанбул до Лондон” – музичко патување со Анета и група “Молика”…

“Од Истанбул до Лондон” – музичко патување со Анета и група “Молика”…

///
Comments are Off

Во текот на својот животен и музички пат, секој музичар има мисија да ја шири својата песна наоколу, но и подалеку во белиот свет. А таму не може, а да не ти се вкрстат патиштата со други музичари, култури, традиции…сето она што не испреплетува, соединува и не треба да не одалечува. Понекогаш не е потребно да го разбираш јазикот на некој народ, за да може целосно и до солзи да ја почувствуваш мелодијата и пораката. Тоа им се случува само на вистинските уживатели на музиката, разновидната музика. Најмногу за тоа се заслужни вистинските музички презентери кои низ целиот свој живот се некаде далеку по светот, само најмалку дома….како мега популарните Анета и група “Молика”…

Следниот нивни нов проект ни го носи раскошот на музиката изнесен преку колоритот на повеќето јазици и ритмови. Самиот наслов од “Истанбул до Лондон” кажува дека гледачите ќе имаат можност да го проследат патот на песната кој има за цел да ги сплоти сите попатни музики, започнувајќи од Турција па се до Англија….минувајќи низ Бугарија, Македонија, Србија, Хрватска, Италија и Франција. А за целосно уживање, мора да постои добар оратор кој низ приказните ќе не потсети на сето она што го знаеме или можеби сме го подзаборавиле. Во овој случај тоа ќе биде Анита Даева која со своите богати нишки од зборови ќе го збогати на некој начин целиот проект. Истиот се снимаше во амбиентот на “Арт студио” – продукција и во соработка со BalkanMusicTv…

Кога господ ќе ти подари глас со кој може да дариш среќа, љубов или пак тага, тогаш твојот пат однапред се знае….но не знаеш до каде се може да те однесе. А ако си со чисто и отворено срце, биди сигурен дека таму по патот ќе сретнеш уште многу такви, слични на себе. И тие ја сакаат и милуваат музиката, и тие се “жигосани” да ја шират среќата преку неа, но најважно од се и тие преку музиката ги сакаат луѓето…без оглед на кој јазик говорат, на кој инструменти музицираат или пак на кои ритмови танцуваат…

“Жигосани” да љубат преку музиката…Анета и група “Молика”!!!