Почетна > Ексклузивно > Игор Димовски со нова епизода од “Пауза за ракија”…

Игор Димовски со нова епизода од “Пауза за ракија”…

///
Comments are Off

Уште кога се појави музичкиот проект “Пауза за ракија” на познатиот музичар и композитор Игор Димовски, веднаш се знаеше дека по него ќе следи барем уште едно ново продолжение. И самиот тој најверојатно ја почувствува истата енергија кај публиката, дека го погоди сплетот на песните, времето кога да “го исфрли” сето тоа креативно од себе и можноста да покаже како се ужива со пријателите и музиката. Затоа што, која е смислата на музиката ако не знаеме да најдеме време да и се предадеме и уживаме во неа…

Во изминатите месеци Игор се посвети на разработка и анализа за новата “Пауза за ракија 2” која овојпат беше повторен предизвик за него на повеќе полиња….како да се надмине во повисока смисла сето она што публиката веќе го слушна и виде. Во неговата искрена изјава тој меѓудругото ни откри:”Почувствував голема реакција и многу позитивни критики од првиот проект “Пауза за ракија” и поради тоа решив дека треба што побргу на мојата публика да и подарам ново продолжение. Во истиот се обработени 30 познати рефрени од кои некои и мои авторски композиции, а гостуваат и неколку познати имиња од македонската сцена. Што се однесува до стилот како го реализиравме проектот во визуелна смисла, самата публика ќе има можност од деталите во него да забележи дека станува збор за доста високо буџетен и скап проект. Но најважно од се е дека во истиот е посветено многу внимание, љубов и енергија, да не речам целосниот јас”…

На крајот ќе додадеме дека и оваа нова епизода од “Пауза за ракија 2”, Игор Димовски ја реализираше повторно во соработка со “Арт студио” – продукција. На своите обожаватели им порачува уште малку да почекаат до промоцијата на финалниот производ за кој се надева дека ќе ги оправда сите очекувања како на публиката, така и на критиката…

А дотогаш, уживајте секогаш кога ќе можете, во неговиот голем репертоар на фреквенцијата на BalkanMusicTv…