Почетна > Македонија > “Нотите на Македонија” – музички настан кој не смее да се пропушти…

“Нотите на Македонија” – музички настан кој не смее да се пропушти…

///
Comments are Off

Битола или “градот на конзулите” како што милуваме да кажеме, расадник на музички таленти веќе со генерации, град на гостопримливи луѓе со отворени раце кон секого, место каде се вкрстуваат сите патишта кон сите области во регионот…град кој ја сака музиката, раздвиженоста на луѓето, настани и поводи кои секого ќе го натераат да дојде и да се почувствува исто како дома.

Токму еден голем музички настан што следи, може да биде повод да ја посетите убавата Битола и барем за момент да уживате во неа. На 1-ви септември по подолго време во наша Битола повторно ќе се разлеат музичките ноти на најголемите хитови во исполнение на најпознатите македонски фолк пејачи. Настанот се најавува како досега невиден музички спектакл поради добрата организација, самите учесници и публиката во голем број која се очекува да присуствува. Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола со почеток во 20 часот со учество на популарните Сузана Гавазова, Анета и групата “Молика”, Зуица Лазова, Ирена Спасовска, Стојне Николова, Марјан Коцев, Благоја Грујовски, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ и Каан Мазхaр. Истите ќе исполнат 22 музички хита, а веднаш потоа публиката ќе ја забавува групата “Молика” со дел од својот богат репертоар.

Настанот е во организација на искусната “Мојсо Продукција”, а за добриот и квалитетен звук ќе се погрижи Љупчо Бубе Соколовски (Sity sound). За снимање на концертот ќе биде задолжена “Арт студио” – продукција, а снимката во друг термин ќе можат да ја проследат и гледачите на популарната BalkanMusicTv. Што значи, добрите и докажани организатори и одличните и докажани музички имиња кои ќе имаат можност да настапат на голема бина со одлично осветлување и со најсовремена опрема, ветуваат дека не очекува музички настан кој одамна не ни се случил во фолк музиката. И затоа…на 1-ви септември сите патишта нека ве водат кон убавата и распеана музичка Битола!!!

Напомена: Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!