Почетна > Македонија > Неделно музичко шоу со “Фантастик бенд”…

Неделно музичко шоу со “Фантастик бенд”…

///
Comments are Off

Она што ни недостасува на сите, блискиот контакт со нашите пријатели и роднини, омилениот бенд со своите изведби и енергијата која ја пренесуваат, сето тоа го носиме во своите сеќавања. И таму длабоко се скриени последната свадба на која сме присуствувале, последниот клупски настап, концерт, веридба, мекици или пак едноставна вечер во кафеана со пријателите. И трпеливо си велиме…ќе помине се и повторно секој од нас ќе се најде во центарот на музиката и уживањето во неа, затоа што само со музиката нашето празнување е целосно до крај…

А нашите неделни распеани шоу емисии ви носат забава и уживање со вашите омилени музички групи и бендови. Овојпат за сите вас ќе бидат расположени и насмеани момците од “Фантастик бенд” со своите одбрани и омилени нумери. Истите се дел од последниот нивни музички проект кој го промовираа за време на Велигденските празници, период на дружење, седенки и се разбира музика. Освен овој музички колаж публиката ќе има можност да ужива и во нивната прва авторска песна “Дари ми љубов”, која со својата весела љубовна разиграност веднаш ги собра сите симпатии кај нашата публика…

За сите љубители на добрата македонска песна, за сите обожаватели на “Фантастик бенд” и нивниот начин на музицирање и изведби, бидете и оваа недела на фреквенцијата на BalkanMusicTv во 19:00…да ја завршиме и оваа седмица со музика, затоа што само со неа сите наши денови се исполнети и среќни!!!