Почетна > Македонија > Неделно музичко шоу со “Адреналин бенд”…

Неделно музичко шоу со “Адреналин бенд”…

///
Comments are Off

Последниот нивни музички проект со кој ја започнаа оваа година помина со одличен прием кај публиката и нивните фанови. Истиот се случи по напорното темпо на семејни веселби и настапи, донесе изработка на кавери по желба на слушателите и онака по свој мерак. Задоволни од сработеното, момците од “Адреналин бенд” тогаш ни изјавија…“Ова е наш најнов и според нас најквалитетен до сега од сите наши претходни музички проекти, одработен 100% во живо во соработка со Љупчо Павловски – студио “Анастасија” и видео продукција – “АРТ студио”. Стилски најблиску до сите музички жанрови со цел и намера да се задоволат сите вкусови…и не само тоа не застануваме тука, како продолжение на сето претходно во подготовки е веќе нашиот следен “мега” музички проект кој ќе чини многу скапо и ќе одземе време повеќе од досега вообичаеното. Но со голема веројатност ќе го носи епитетот за “НАЈГОЛЕМ МУЗИЧКИ ПРОЕКТ” на ниво на цела Македонија кој ќе содржи многу музика, забава и се она што ќе придонесе да нашата ценета публика биде навистина уважена и почестена со екстремно и врвно квалитетна музика во вистинска смисла на зборот”…

Адреналинот што и самите нив ги одржува додека се опкружени со музиката, се надеваме дека ќе помогне во мислата и намерата за сите новитети што треба да се случат во иднина. Во меѓувреме, на големо задоволство на нашата публика ќе имате можност неделата да ја завршите со изборот музика која ни го носат членовите на “Адреналин бенд”…музика за сечиј вкус исполнета во весела и релаксирачка атмосфера која сите посакуваме наскоро да ни се врати…

Слушај, уживај и потпевнувај…недела (19:30) на програмата на BalkanMusicTv…не пропуштајте!!!