Почетна > Ексклузивно > На муабет кај Анита и “7/8” – карантинско шоу за паметење…

На муабет кај Анита и “7/8” – карантинско шоу за паметење…

///
Comments are Off

Кој може ако ја носи музиката во срцето, да ја чува во себе без да ја подари некому…да запееш и засвириш со пријателите затоа што само тоа те води напред во животот, нели?!! А фала богу, пријатели си имаме насекаде низ нашата земја, па пошироко на Балканот, па најшироко по целиот свет. И сите се поврзавме повторно како едно, како што впрочем се поврзуваме во секое ново издание на нашето музичко шоу “7/8”…

На барање на нашите гледачи, кои секогаш се поттик за нашата неуморна работа и творење, повторно ќе го репризираме нашето специјално, празнично, карантинско издание на “7/8” кое го емитувавме на прв ден Велигден. Во него земаа учество сите музички пријатели на BalkanMusicTv кои упатија топли празнични пораки, си поразговараа со наша Анита и сите не почестија со по една музичка нумера во придружба на “седи по дома и свири” оркестарот на Златко Миладиновски. А за да биде комплетно тоа наше велигденско празнување и уживање, емисијата ја отвори Ѓорѓе Васиќ (Џокси) со својата епска и вековита “На Велигден сум се заљубил”…

Потоа следеа Анета Мицевска, Гоце Петрески, Оливер Младеновски, Дарко Стојаноски, Спасе Антевски, Благојче Стојановски Туше, Оливер Алексовски, Рени Гајтанџиева, Само БОБ, Гергана Димова и оркестарот на Џамбо Агушев. И така докажавме дека музиката е најсилната и најмоќната нишка која секогаш ќе не држи сите заедно, во добро и во зло…

Недела (19:30), редовен термин за нашето специјално карантинско издание на “7/8”…фреквенција BalkanMusivTv…со желби за подобри денови!!!